Najbolje srpske
aplikacije i igre
za Android.

Lako nađite sve
srpske i regionalne
Android aplikacije

Android vesti
iz Srbije i sveta
na jednom mestu

Uvek sveže vesti
iz najpoznatijh domaćih izvora

image01

Android telefoni
i tableti
svih proizvođača

Kompletne specifikacije
svih Android telefona
i tableta

image01
]

Мој ДДВ
Android aplikacija (program)

Autor: MojDDV

Paket: mk.accent.vatret

Kategorija: Finansije

Ocena: 3.47

Preuzimanja: 100000

Grupa: Македонија

Preuzmite program Мој ДДВ sa Google Play-a

Opis programa:

Мој ДДВ - Апликација за поврат на ДДВ за граѓаните на Република Северна Македонија.
Лесно скенирајте ги вашите сметки за да добиете право на 15 % поврат од ДДВ.

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то е достапна за сите граѓани на Република Северна Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП ujp.gov.mk.

Преглед на извештаите, износ на поврат и повлекување на грешка скенирани сметки имате на:
https://mojddv.ujp.gov.mk/


Апликацијата сега подржува два типа на баркод скенер:

1.Основен
- Скенира само директно над кодот
- Нема auto-focus
- high speed - real time scanning from video streams

2.Напреден
- Оптимизиран за DataMatrix
- High-Speed Scanning: Industrial Scanning Algorithm
- Omni-directional scanning for 360 degrees
- Скенирање под агол до 45 степени
- Patterns recovery за оштетени кодови

Промената на тип на баркод скенер се прави кај екранот за Профил.


*** Проблеми со скенирање ***

1. Ако не се отвара екранот за скенирање
-Проверете дали апликацијата има привилегија за камерата.

2. Ако се отвара камерата ама на сите сметки се враќа на претходен екран и сметките ги нема во извештајот.
-Пробајте да се префрлите на Основниот тип на Баркод скенер преку екранот за профил.

3. Апликацијата скенира некои сметки, а други не.
-Најдобро се скенира кога сметката не е свиткана. Затоа поставете ја на маса и затегнете за да биде рамна.
Обидете се 10 секунди да ја држите камерата насочена кон Datamartix кодот.
На овој начин и сметки со малку оштетувања се скенираат.

4. Апликацијата не скенира сметки од Макпетрол
-Сметките од Макпетрол се скенираат само со Напредниот тип на Баркод скенер.
Само доколку не се оштетени. Основниот тип нема да ги скенира.

ЧПП

1. Некомпатибилен уред (Your device isn't compatible with this version)
-Апликацијата може да се користи на уреди со Android 4.4 и нагоре, со камера со autofocus.

2. Логирање
-Се користат емаил и лозинка од еПДД, за да се добие еПДД корисничкиот број. Ако сте ја заборавиле лозинката треба да ја ресетирате преку сајтот на еПДД. Се генерира пин само првиот пат а после истиот се користи за логирање. Внимавајте на мали/големи букви во мејлот.

3. Невалиден пин
-Пинот кој може да се внесе е 4-цифрен број од 0000 до 9999.

4. Промена на пин
-Ако сте го заборавиле пинот горе десно во менито имате опција за промена/внесување на нов пин.

5. Внесување на трансакциска сметка
-Се внесува трансакциската сметка и лозинката од еПДД (не пинот) за потврда. Трансакциската сметка не е иста со број на дебитна/кредитна картичка.

6. Нема конекција до УЈП
-Проверете дали имате активна интернет врска (3G, 4G, WiFi).

7. Скенирање
-Кога ќе се отвори камерата не треба да има копче или да се слика, само треба да се позиционира над баркодот (било каде на екранот) за да ја прочита.

8. Оштетени сметки
-Доколку сметката има повеќе од 10% оштетување (неисправен печатар, лоша хартија), апликацијата не може да ја прочита. Ако баркодот не може да се прочита таа сметка може да се внесе преку рачен внес во УЈП.

9. Од кој датум се валидни сметките за враќање на данокот
-Сите фискални сметки со датум после 01.07.2019 од последните 10 дена.

10. Сметки за струја и телефон
-Сметките за комуналии не може да се скенираат.

11. Зошто нема износ за поврат
-Скенираните сметки треба да се валидираат и процесираат за да се додадат во пресметката за поврат.

12. Споро отворање на апликацијата и споро појавување на екранот за најава со ПИН
-При отварање апликацијата пробува да воспостави интернет конекција до УЈП.
Доколку интернет конекцијата не е стабилна може да се појави мало доцнење до појавување на екранот за најава со ПИН.

Keywords: MojDDV, МојДДВ, Поврат на ДДВ, Povrat na DDV, УЈП, UJP, Moj DDV, Мој ДДВ

Zadnje izmene:

Bug fixes

Preuzmite program Мој ДДВ sa Marketa

Cena: Besplatno

Veličina: 8,1M

Glasova: 1021

Verzija: 1.1.7

Sajt: http://ujp.gov.mk/